Пет знаци дека не се сакате себеси

3 mins read

Заморот и избегнувањето конфликти по секоја цена се само некои од знаците дека не се сакате доволно.

Психолозите наведуваат пет знаци кои укажуваат на таква состојба.

Постојана исцрпеност

Заморот е сигнал дека не го слушате вашето тело и не одговарате соодветно на неговите потреби. Можеби гледате на постојаната зафатеност на работа и дома како знак дека водите успешен живот, но се лажете ако мислите дека хроничната исцрпеност е нормална состојба на работите.

Препорачливо е да најдете време за одмор како што знаете и умеете, бидејќи само на тој начин ќе можете да се справите со сите обврски кои ве очекуваат, но и со емоционалните и психичките турбуленции во животот.

Секогаш прво ги гледате вашите маани

Никој не е целосно задоволен со својот изглед, но не треба премногу да се оптоварувате со тоа. Ако секогаш кога ќе застанете пред огледало, прво ги забележувате своите маани и се потсетувате што не ви се допаѓа кај себе, тогаш имате голем проблем со недостаток на самодоверба.

Љубовта кон себе значи дека треба да ги прифатите и вашите добри и вашите наводно лоши страни.

Партнерот не ве цени доволно

Невозможно е да трпите изневерување, понижување и непочитување од партнерот и да се чувствувате добро со себе. Љубовните проблеми речиси секогаш се претвораат во психички, а понекогаш и физички проблеми.

Ако сте во врска во која чувствувате дека не сте доволно ценети, веднаш прекинете ја и најдете партнер кој е способен да одговори на сите ваши емоционални и други потреби и да ве третира со почит.

Тешко ви е да кажете „не“

Не треба да го прифаќате секое барање и предлози на други луѓе. Треба да ја повлечете границата меѓу вашите интереси и интересите на другите, за да имате доволно време и енергија да си го посветите потребното внимание на себе.

Не е во ред секогаш да ги ставате другите пред себе, освен ако не се грижите за децата или за најблиските луѓе од вашата околина и немате друг избор освен да им помогнете.

Избегнувате конфликти по секоја цена

Расправиите и кавгите се непријатни за повеќето луѓе и можат да имаат големи последици за вашата психичка состојба. Од друга страна, не е здраво ниту претерано избегнување конфликт.

Колку подолго го одложувате донесувањето на тешки одлуки кои бараат договор и соработка, а често и жестока дискусија, толку повеќе ќе си нанесете штета на долг рок.

Мора да научите да стоите зад вашите зборови, да бидете сигурни во себе и да не дозволувате другите да ве искористуваат и манипулираат со вашите слабости, објави порталот „ДДЛ“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Започна божиќниот пост: Како треба да изгледа менито наредните 40 дена

Следно

Кавали искеширал 3 милиони евра за подарок за 45 години помладата девојка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian