Ограбена зградата што се урна во Белград, станарите ги нашле украдените предмети на пазар

1 min read

Станарите на зградата во Белград која се урна пред неколку месеци пријавиле во полиција дека нивните станови се ограбени, а тие пронашле некои од украдените предмети на тезги на пазар, објави Н1.

„Мојата сопруга е во полиција во моментов и пријавува. Наш сосед ги препознал своите книги на тезга. Становите се обиени со копачи,“ изјавил за телевизијата еден од станарите во урнатата зграда, Новица Станимировиќ.

Тој вели дека Градот направил што можел, но и дека нивните станови можеле подобро да бидат чувани.

„Ние еден месец не сме биле во зградата, тоа сигурно е одамна искрадено“, вели Станимировиќ.

Откако се урна зградата во јуни, станарите од градските власти добија неколку станови на користење, како и парична помош од 300.000 динари (околу 2.500 евра).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Сасуоло ги шокира „росонерите“ среде Милано

Следно

ФОТО | Дал 700.000 евра за лага: Италијански одбојкар 13 години мислел дека е во врска со ангелот на „Викторијас сикрет“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian