Нов блам во Португалија: Десеткуваниот Белененсеш ќе биде казнет по прекинот на мечот во Бенфика

3 mins read

Натпреварот од португалската Примеира лига помеѓу Белененсес и Бенфика не го дочека крајот, беше прекинат во второто полувреме при водство од 0:7 бидејќи домашните фудбалери останаа со само шест играчи, а сега клубот се соочува со нова казна.

Дури 13 фудбалери и четири члена на стручниот штаб на Белененсеш беа позитивни на коронавирус, па поради тоа на вчерашниот натпревар истрчаа девет фудбалери на домашната екипа. На стартот од второто полувреме, домашниот тим истрча со седум фудбалери, а во 49 минута натпреварот беше прекинат еден домашен играч падна на теренот глумејќи повреда.

Според фудбалските правила, за да се доигра натпреварот, една од екипите мора во сите 90 минути да има најмалку седум играчи на теренот. По натпреварот, претседателот на домашниот тим Рио Педро Соареш изјави дека има разбирање за своите фудбалери.

– Го следам фудбалот веќе 48 години и никогаш не сум видел играчи со толкаво достоинство. За нив имам големо разбирање, на сите ни покажаа што значи достоинство – изјави првиот човек на Белененсеш кој додаде дека во 19.13 часот (натпреварот започна во 21.30 ч), ги добиле резултатите од ПЦР тестовите, со што било дозна за да се одложи натпреварот.

На овие зборови на Соареш реагираа челниците на лигата кои тврдат дека Белененсеш не поднел барање за одложување на натпреварот и поради тоа средбата започна во предвиденото време. Во исто време Лигата започна истрага за да утврди дали домашниот тим намерно остана со шест играчи и доколку биде откриено дека тоа го сториле намерно, се соочуваат со одземање на пет до осум бодови.

На бламот кој се случи вчера реагираше и најголемиот конкурент на Бенфика, Порто кој ги нападна челниците на Лигата.

– Португаскиот фудбал си дозволи невидена бламажа. Дозволија да се одигра натпревар во кој едната екипа имаше само девет играчи на теренот, од кои двајца беа голмани и немаа ниту една замена. Државниот службеник за млади и спорт, Жоан Пауло Ребел е еден од најнеспособните политичари во историјата на Португалија. Тоа што го гледавме е толку апсурдно и нема многу брзо да избледне од сеќавањата на луѓето. Португалската лига беше главна спортска вест во целиот свет – соопшти Порто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Очекуваме во наредните денови да има конкретни предлози од Софија

Следно

Ова се симптомите на новиот сој омикрон: Докторката која прва алармираше, објасни какви се

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian