Кошаркарската репрезентација на Македонија утринава во два часот по полноќ тргна на пат кон Киев каде утре го игра вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи 2023 година.
Бидејќи нема директна линија Скопје-Киев, кошаркарската експедиција ќе патува преку Виена, а во текот на утрешниот ден треба да одржат тренинг во „Дворецот на спортовите“ каде ќе се игра и натпреварот со Украина.
Мечот помеѓу селекциите на Украина и Македонија е закажан за 29 ноември, од 18 часот.
Во првото коло од квалификациите во групата Г и двете репрезентации загубија, Македонија е поразена со 65:94 од Шпанија, додека Украина загуби со 88:83 од Грузија.