Изјавите од минатото на Рангник и Роналдо се најава за тензии во соблекувалната на Јунајтед

2 mins read

Ралф Рангник е новиот менаџер на Манчестер јунајтед, но наименувањето на Германецот за наследник на Оле Гунар Солскјер ги загрижи навивачите поради поради првата ѕвезда на екипата, Кристијано Роналдо.

Главното прашање кое ги мачи навивачите на Манчестер јунајтед е како „геген пресингот“ и 36-годишниот Роналдо се вклопуваат во иста реченица?

Рангник е творецот на модерниот германски фудбал „геген пресинг“ ќе се обиде да ги имплементира своите идеи и во Манчестер јунајтед, неговиот стил на игра бара многу трчање и прашање е дали тој ритам ќе може да го следи и Роналдо.

За англиските медиуми, присуството на Рангник и Роналдо во иста соблекувална може да претставува голем проблем бидејќи и двајцата имаат силен карактер и не отстапуваат од своите замисли.
Медиумите дури и пронајдоа изјава на Германецот од пред пет години во која уште тогаш зборуваше дека Роналдо за него е „стар“.

Имено, тој пред пет години беше запрашан дали Роналдо или Меси можат да играат во неговиот Лајпциг, а Рангник уште тогаш ги изненади сите со одговорот:
– Би било апсурдно да мислиме дека тоа може да функционира во Лајпциг. И двајцата фудбалери се престари, но и прескапи – изјави тогаш Рангник.

Медиумите исто го најдоа и одговорот на Роналдо кој не крие дека „не се грижи“ доколку на екипата и треба помош во одбраната.

– Знам кога на мојата екипа и треба помош во одбраната. Но мојата задача е да давам голови, да му помогнам на тимот да победи, но и одбраната исто така е дел од мојата игра. Доколку луѓето не гледаат каков играч сум, искрено не се грижам премногу. Имам 36 години, ги освоив сите можни трофеи и нема да се осврнувам на коментарите за мојата игра. Мирно спијам навечер – изјави неодамна Роналдо на коментарите дека не се враќа во одрбрана за да им помогне на соиграчите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Засилени сообраќајни контроли: Многу пијани возачи и се вози премногу брзо

Следно

Првата седница на новиот бугарски Парламент најверојатно ќе биде свикана на 1 декември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian