„Граѓаните“ го добија дербито со Вест Хем и се израмнија со Челси на врвот на табелата

2 mins read

Фудбалерите на Манчестер сити со 2:1 го совладаа Вест Хем во едно од дерби пресметките во рамки на 13 коло од Премиер лигата. Победата и трите бода на „граѓаните“ им ја обезбедија Илкај Гундоган и Фернандињо.

Во првото полувреме кое се играше во снежни услови, прв се закани Вест Хем преку Бенрахма, по што контролата на играта ја презедоа „граѓаните“. Прво му беше поништен гол на Марез поради офсајд, но тоа беше увертира за голот на Гундоган. Гундоган го отвори резултатот токму по додавањето на Марез во 33 минута.

Домашните фудбалери продолжија со нападите и доминацијата, најголема опасност по голот на Лукаш Фабијански беа Габриел Жесус и Кансело, но на вториот дел се чекаше се до 90. минута. Фернандињо во последната минута од регуларниот дел ја завери победата на Сити, додека Вест Хем во 95 минута преку Лансини успеа само да постигне почесен гол.
Манчестер сити со триумфот се израмни со Челси на првото место на табелата, и двете екипи имаат по 29 бода, но „сините“ вечерва играат против Манчестер јунајтед.

Брентфорд со минимални 1:0 го совлада Евертон и тоа благодарение на голот на Тони од пенал во 24 минута.

Навивачите во Лестер уживаа во вистинска голеада која им ја приредија нивните фудбалери и Вотфорд. Лестер славеше со 4:2 и се искачи на деветтото место на табелата со 18 бода.

Резултатот го отвори Џејми Медисои во 16 минута. Вотфорд израмни во 30 минута преку Кинг кој беше прецизен од белата точка, по што на сцена стапи Џејми Варди. Одличниот напаѓач до крајот на првиот дел постигна два гола и тоа по асистенциите на Медисон.
Гостите во вториот дел намалија на 3:2 преку Денис, но Локман во 69 минута стави точка на триумфот на Лестер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дал 700.000 евра за лага: Италијански одбојкар 13 години мислел дека е во врска со ангелот на „Викторијас сикрет“

Следно

Слеп патник преживеал 2,5-часовен лет до Мајами сокриен зад тркалата на авионот (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian