ФОТО | Дал 700.000 евра за лага: Италијански одбојкар 13 години мислел дека е во врска со ангелот на „Викторијас сикрет“

2 mins read

Италијанскиот одбојкар Роберто Кацанига (42), со години мислел дека е во врска со бразилската манекенка Алесандра Амбросио (40), еден од најпознатите ангели на „Викторијас сикрет“.

Кацанига со години ѝ праќал пари на жената за која мислел дека е бразилската манекенка Алесандра Амбросио, а на крајот се испоставило дека се допишувал со 50-годишна жена од Сардинија која никогаш не ја запознал. Поточно, тој верувал во ова во последните 13 години. За сето тоа да биде уште поневеројатно, тие никогаш не се запознале, а на неа потрошил дури 700.000 евра. Подоцна се покажало дека зад Алесандра всушност стои 50-годишна Маја, пренесува „Мирор“.

Роберто во претходните 13 години на жената за која мислел дека е Александра Амбросио ѝ пратил 700.000 евра.

Како што признал самиот Роберто, сѐ запчнало кога негов пријател му дал број кој наводно ѝ припаѓал на жената која сакала да го запознае. Потоа му признала дека името било псевдоним и дека таа всушност не е Алесандра.

„Не, никогаш не се видовме. Секогаш имаше илјадници изговори, како болест или работа. Но, јас сепак се вљубив во тој глас, и така повик по повик… Контактиравме преку мобилен телефон, речиси секојдневно“, рекол Роберто за „Corriera della Sera“.

Роберто за италијанските медиуми открил и дека парите ги позајмувал од роднини, семејство, пријатели, а како причина поради која никогаш не се запознале бил наведен нејзиниот густ распоред и срцевите проблеми.

Подоцна се открило дека зад измамата стоеле три лица, а италијанскиот весник известил дека неговите соиграчи го опишале како интровертен и наивен и дека всушност тие се посомневале во измамата и го пријавиле случајот во полиција, која спровела истрага.

Инаку, Алесандра во моментот е во врска со манекенот Ричард Лијем.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ограбена зградата што се урна во Белград, станарите ги нашле украдените предмети на пазар

Следно

„Граѓаните“ го добија дербито со Вест Хем и се израмнија со Челси на врвот на табелата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian