Владата на Јужна Африка: Заслужуваме пофалба за брзото откривање на новиот вид на коронавирусот, а не казна

1 min read

Владата на Јужна Африка денеска изрази незадоволство од „казнувањето“ на таа земја по одлуката на многу земји да ги затворат границите за патниците од Јужна Африка, каде што беше откриена нова варијанта на коронавирусот, наречена омикрон.

„Последната рунда забрани за патување ја казнува Јужна Африка за нејзината способност побрзо да открива нови варијанти. Научната извонредност треба да се пофали, а не да се казнува“, се вели во соопштението на јужноафриканската влада.

Во соопштението се наведува дека порано биле откриени нови варијанти на вирусот во други земји и дека реакцијата на другите земји во тие случаи била „радикално различна“.

Новиот вид на коронавирусот, наречен омикрон, првпат го идентификуваа јужноафриканските научници, но не е сигурно дека се појавил во Јужна Африка.

Досега оваа варијанта на вирусот е регистрирана во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел.

Бројни земји, вклучувајќи ги САД, Канада, членките на ЕУ и други, воведоа ограничувања за патување од земјите во јужна Африка поради новиот вид на вирус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонски деликатеси на хрватското приморје: Ресторанот „Nautica“ ги воодушеви Риечани

Следно

Починаа две лица во штипскиот ковид-центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian