ВИДЕО | Kузеска: СДСМ ќе бира нов лидер на внатрепартиски избори, Заев останува активен член во политиката

1 min read

 Со понудената оставка на Заев ќе започне процес на нови избори за претседател на партијата, информираше вечерва портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по седницата на ЦО на СДСМ.

-Изборите ќе се одржат на 12-ти декември. Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае седум дена. Ситеќе можат да се пријават, кои ги исполнуваат критериумите на статутот на партијата. Сите членови на СДСМ, кои ги исполнуваат критериумите, согласно статутот на партијата, ќе можат да гласаат на внатрепартиските избори. Можност за гласање ќе имаат сите членови кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. После изборот на претседател, следува и избор на ново раководство, рече Кузеска.

Како што соопшти Кузеска, премиерот Зоран Заев информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува можности за да се зголеми.

Тој останува активен член во политиката. Има простор за приклучување и на партијата Алтернатива и ќе продолжат преговорите, рече таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канје не се откажува: Очаен обид да ја освои Ким назад со емотивна фотографија

Следно

Виц на денот: Пријателки и пријатели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian