ВИДЕО: Халанд се врати со гол во пресвртот на Борусија Дортмунд

1 min read

Денеска во рамките од 13 коло во најсилното германско првенство составот на Борусија Дортмунд триумфираше на гостувањето кај Волфсбург со 1:3.

Со оваа победа „милионерите“ се вратија на лидерската позиција во генералниот пласман со два бода повеќе од Баерн кој има меч помалку.

Домаќинот повеќе веќе во втората минута преку Вегхорст, но Борусија направија пресврт со головите на Џан и Мален.

Најголемата ѕвезда во редовите на Дортмунд, Ерлинг Халанд се врати од повредата, во 73 минута влезе во игра, а во 81 минута се запиша во листата на стрелците за поставување на конечниот епилог.

Во останатите средби од рундата: Бохум – Фрајбург 2:1, Келн – Борусија Менхенгладбах 4:1, Гројтер Фурт – Хофенхајм 3:6, Херта Берлин – Аугсбург 1:1.

Бундеслига, табела: Борусија Дортмунд 30 бодови, Баерн Минхен 28, Фрајбург 22, Баер Леверкузен 21, Хофенхајм 20, Унион Берлин 20, Волсфбург 20…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Регистрирани 463 новозаболени од ковид, починаа 15 лица

Следно

Протести во Србија: Илјадници луѓе блокираа патишта поради рудник за литиум

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian