ВИДЕО: Болна елиминација во ЛШ, Роналдо плачеше во соблекувалната

1 min read

Каде и да се појави, Кристијано Роналдо секогаш го привлекува вниманието, од оваа сезона ги брани боите на Манчестер јунајтед каде што направи трансфер од Јувентус.

Откако во јавноста излезе сцена на документарецот на „Амазон“ за Јувентус во кој може да се види како Португалецот им вика на своите соиграчи на мечот против Порто, а воедно е и објавено видео во кое може да се види како плаче.

Минатата сезона во Лигата на шампионите во осминафиналето „Старата дама“ за ривал го имаше Порто.

На првиот меч Португалците победија со 2:1, на реваншот во Торино со истиот резултат славеше 2:1, а во продолженијата двете екипи реализираа по еден гол. На крајот заврши со конечни 3:2 и поради повеќе постигнати голови на гости, Порто се пласираше во четвртфиналето.

Тоа беше болна елиминација за италијанскиот клуб, Роналдо емотивно не можеше да издржи не само поради елиминацијата, туку и поради високите амбиции кои ги имаше со екипата во текот на ланската сезона и желбата да освои уште еден трофеј во ЛШ во кариерата.

Воедно на паузата меѓу двете полувремиња (имаа негатива од 0:1) Роналдо им викаше на своите тимски колеги дека не играат добро, ова е меч во Лига на шампиони и треба да се има карактер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Филипче: Двајцата пациенти од повредените се хоспитализирани на Пластична хирургија

Следно

Младите мислат дека е „кул“ да не се вакцинираат, вели српскиот епидемиолог Кон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian