ВИДЕО: Бод за Димитриевски на „Местаља“, Рајо останува во трката за ЛШ

1 min read

Денеска во рамките од 15 коло во најсилното шпанско првенство составот на Рајо Ваљекано ремизираше на гостувањето кај Валенсија со резултат 1:1.

После првото полувреме водеше домаќинот со гол од пенал преку Солер кој излезе како победник во дуелот со македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски кој воедно имаше уште една добра партија со три клучни одбрани.

Гостите дојдоа до бод во 64 минута кога од непосредна близина во мрежата на голманот Силесен стрелаше Палазон.

Ла Лига, табела: Реал Мадрид 30 бодови, Реал Сосиедад 29, Севиља 28, Атлетико Мадрид 26, Рајо Ваљекано 24, Бетис 24, Барселона 20, Атлетик Билбао 20, Валенсија 19…

Се одигра уште еден меч, Селта Виго славеше над Алавес (1:2). Во следното коло Рајо на 5 декември пред своите навивачи ќе ја пречека екипата на Еспањол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ердоган нареди истрага за опаѓањето на вредноста на турската лира

Следно

Црното и белото во црно-белиот филм „Passing“ на Ребека Хал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian