ВИДЕО: Аталанта после 32 години успеа да го совлада Јувентус во Торино

1 min read

Фудбалерите на Аталанта го совладаа вечерва на гостински терен во Торино беа подобри од Јувентус со 1:0 во натпреварот од 14 коло во италијанската Серија А.

Единствениот гол го постигна Дуван Запата во 28 минута од средбата. „Старата дама“ можеше да дојде до бод, но Пауло Дибала ја погоди пречката.

Тоа беше прв триумф за клубот од Бегармо во Торино во најсилното италијанско првенство од 1989 година.

Воедно трета победа по ред за Аталанта, вкупно осма во шампионатот за моментно четвртопласирана со 28 бодови.

Ова е веќе петти пораз за Јуве во Серија А и се наоѓа на осмата позиција на табелата со 21 бод.

Претходно во текот на денешната програма Емполи беше подобар од Фиорентина (2:1), а Сампдорија со 3:1 ја совлада Верона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Мераклиски кај чичко Бурхан: На кафе варено на песок и лимонади од роза и нане – нова приказна во Старата Скопска чаршија

Следно

БиХ ќе добие четири американски воени хеликоптери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian