Ѓукановиќ: Црна Гора никогаш не била во недоумица за интеграцијата во ЕУ

2 mins read

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ,на Балканскиот интеграциски форум во 2021 година во Подгорица рече дека Црна Гора никогаш не била во недоумица за европската интеграција на земјата.

„Не би рекол дека Црна Гора во ниту еден момент била во недоумица. Зборувам за периодот од последниот век, во времето на распадот на Југославија и во времето на значителното влијание и наплив на руска политика врз овој регион”, рече Ѓукановиќ.

Тој рече дека Црна Гора сака обновување на независноста за да ја обликува својата иднина, за што секогаш било јасно ставено дека треба да има европска и НАТО интеграција.

– Никогаш во Црна Гора, приоритетниот аспект на нашата европска политика не бил датумот на членство во ЕУ. И денес, повторуваме, кажете ни дали има место за нашите земји, па потоа ќе продолжиме по овој пат бидејќи ние сме европска држава и европски народ. Ако по сите овие години на нашиот интегративен пат некој во ЕУ формално одлучи дека е крајот на проширувањето, ние нема да го промениме нашиот интегративен курс, нема да се откажеме од идејата за усвојување на европскиот систем на вредности, нашето враќањето би значело долго возење во рикверц, рече тој.

Тој смета дека Црна Гора е на тој пат многу долго, дека постигнала одредени резултати и дека е сигурен дека Црна Гора продолжува со европеизацијата на општеството.

– Европеизацијата на нашето општество и на сите земји во својата европска куќа би бил единствениот логичен пат за мене. Сите сме загрижени што Европа почна да се колеба за својот систем на вредности, но повторувам дека ние сме Европејци, свои сме на свое и мораме да сметама на правила доколку сакаме да станеме дел од ЕУ. А што е сериозна алтернатива, ова што се нуди од Москва или понуда за уништување на европскиот систем на вредности? Непотребно е да се зборува за тоа, истакна тој.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

2МФЛ: Силекс ита кон Првата лига, Вардар загуби од Воска Спорт

Следно

Лавандата има многу предности, а се користи и за помош при НЕСОНИЦА и ДЕПРЕСИЈА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian