„Три од три“ за Академија Пандев, Мирчевски и Маронг стрелаа против Ренова

1 min read

Денеска се одигра првиот натпревар од 15 коло во Првата македонска лига, како гостин Академија Пандев со резултат 1:2 славеше кај Ренова.

После првото полувреме водеа „пандевци“ со голот на интернационалецот од Гамбија, Оусман Маронг, реализиран во 42 минута од средбата.

На теренот во Тетово предноста беше зголемена во 77 минута преку Мартин Мирчевски, моментно најдобриот стрелец во шампионатот со 16 голови.

„Гипсарите“ само успеаја да го ублажат својот пораз, четврти, во самиот финиш од средбата (90+3`) кога стрелаше Ремзи Селмани.

На табелата екипата на Академија Пандев предводена од тренерот Александар Васоски после деветтиот триумф (трет по ред) се наоѓа на второто место со 31 бод, сега шест повеќе третопласираната Ренова.

Колото ќе биде комплетирано в недела (28 ноември) со останатите пет средби (13.00 часот): Шкупи – Струга Трим Лум, Пелистер – Скопје, Македонија ЃП – Шкендија, Брегалница – Борец и Тиквеш – Работнички.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ќучук за спорот со Софија: Нема потреба едниот национализам да го подига другиот национализам, тој не е аргумент

Следно

Пожар во ковид болница во Тирана, навремена интервенција спречи трагедија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian