Тага во Црна Гора: Почина млад 21-годишен фудбалер во сообраќајна несреќа

1 min read

Мирза Ѓурѓевиќ, младиот фудбалер на црногорскиот клуб Језеро починал по сообраќајна несреќа во четвртокот. 21-годишниот Ѓурѓевиќ им подлегнал на повредите во судир во кој учествувале четири возила, а тој е единствениот кој бил повреден.

Лекарите се бореле за него повеќе од 24 часа, фудбалерот имал повреди на главата, во петокот бил во несвест и не преживеал.

Несреќата се случила кај селото Сјерогоште кај Колашин, а Ѓурѓевиќ починал во петокот вечерта.

Важеше за еден од најталентираните фудбалери во Црна Гора, настапуваше во помладите категории на Будуќност, а настапуваше и за Отрант-Олимпик од Улцињ.

Во црногорската Телеком 1 лига одигра 63 натпревари, а последниот против Подгорица на „ДГ Арена“ минатата сабота.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарската министерка Комитова: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

Следно

Креации за публика со љубопитно око и отворен ум: Моднот бренд Росица Мршиќ го слави својот 12-ти роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian