Светската трговска организација го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон” сој на коронавирусот

1 min read

Светската трговска организација (СТО) соопшти дека го одложува својот прв министерски состанок по четири години поради влошената здравствена ситуација, што оваа најавена средба ја направи првата голема дипломатска „жртва” на новиот вид коронавирус наречен „омикрон”.

Министрите на членките на СТО требаше да се соберат следната недела на состанок, што се сметаше и за тест за важноста на таа организација.

Од СТО по овој повод соопштуваат дека членките доцна синоќа се согласиле да ја одложат министерската конференција, откако новата варијанта на коронавирусот доведе до ограничувања на патувањата, што ќе спречи многу министри да пристигнат во Женева, каде што требаше да се одржи состанокот.

Нов датум за состанокот не е одреден.

Швајцарија, земјата во која се наоѓа седиштето на СТО – Женева, вчера ги забрани директните летови од Јужна Африка и околниот регион и воведе тестирање и карантин за патување од други земји, вклучувајќи ги Белгија, Хонг Конг и Израел.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виц на денот: Пријателки и пријатели

Следно

Облачно со врнежи и ветер, од вторник пониски температури и повремен снег

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian