Стотици патници од Јужна Африка заглавени на пистата во Амстердам поради опасниот сој

1 min read

Неколку стотици патници од Јужна Африка (ЈАР), кои пристигнале во Амстердам со два лета, чекале со часови во авионите, а потоа биле подложени на тестирање за ковид поради загриженост за новооткриената варијанта на коронавирусот.

Холандската влада претходно во текот на денот ги забрани сите патувања од Јужна Африка, а министерот за здравство Хуго де Јонге рече дека сите патници кои веќе се на летови ќе мора да бидат подложени на тестирање и карантин по пристигнувањето во Холандија.

Патниците на двата лета на KLM, од Кејптаун и Јоханесбург, изјавија дека чекале со часови на пистата.

„Голем аплауз бидејќи дојде автобус што ќе не однесе… некаде“, напишала на Твитер новинарката на Њујорк Тајмс Стефани Нолен, која пристигнала од Јоханесбург.

„Со автобус до салата до огромната редица. Оддалеку гледам работници во заштитни одела. Сè уште нема грицки…“, напишала таа во друг твит.

„Сè беше направено внимателно, така што беше потребно подолго време. На патниците им беше дадена храна и пијалок и ќе бидат тестирани за коронавирус“, се вели во соопштението на аеродромот Шипхол.

Локалните здравствени власти подоцна објасниле дека само оние патници кои биле позитивни на коронавирус ќе мора да бидат ставени во карантин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Креации за публика со љубопитно око и отворен ум: Моднот бренд Росица Мршиќ го слави својот 12-ти роденден

Следно

Филипче: Двајцата пациенти од повредените се хоспитализирани на Пластична хирургија

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian