Рама за трагедијата во Дечани: Животи одземени од куршуми на дивјаштвото

1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на трагичниот настан што се случи синоќа кај Дечани, во Косово, каде меѓу загинатите се и двајца средношколци.

Во реакција на Твитер, Рама пишува дека животите одземени на Косово со „куршумите на дивјаштвото, кое заслужува екстремна казна на правдата, сите не загрижи”.

„Животите одземени во Косово со куршумите на дивјаштвото кое заслужува екстремна казна на правдата, не загрижија сите. Братско сочувство до семејствата погодени во срцата од апсурдната загуба. Поддршка за косовските институции во овој предизвикувачки момент”, напиша тој.

Сочувство до семејствата на загинатите изрази и министерката за Европа и надвроешни работи, Олта Џачка, која на Твитер напиша дека „криминалната рака што ја предизвика оваа трагедија заслужува најстрога казна”.

„Тага и болка за трагедијата во Косово предизвикана од криминална рака која заслужува најстрога казна предвидена со закон. Нашите мисли и молитви се со семејствата на невините жртви! Нека почиваат во мир”, напиша таа.

Сочувство до семејствата на загинатите изразија и лидери на повеќе политички партии.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италијанците се радуваат што Елмас нема да игра во баражот

Следно

Што прави денеска: Катарина Ивановска, топ-модел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian