Облачно со врнежи и ветер, од вторник пониски температури и повремен снег

1 min read

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 11 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време навикендов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец од над 60 километри на час, што ќе услови повисоки температури. Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Светската трговска организација го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон” сој на коронавирусот

Следно

Дневен хороскоп за 27 ноември: Поработете на својата дисциплина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian