Мета изрази сочувство за трагичниот настан кај Дечани

1 min read

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со трагичниот инциент што вечерва се случи кај Глоѓан- Дечани, Косово, кога вооружени лица со калашњикови пукале во автобус кој превезувал ученици.

Во инцидентот на самото место починал возачот а двајца ученици на 17 и 18 години им подлегнаlе на повредите во болница. Има уште неколку повредени.

-Целосно трогнат од овој криминален акт во Глоѓан кај Дечани, во кој според првичните информации животот го изгубија три лица од нив двајца ученици. Изразувам длабоко и искрено сочувство и целосна солидарност на семејствата на жртвите, делејќи ја со нив големата болка, напиша Мета на Фејсбук.

Албанскиот претседател на повредените им посака побрзо закрепнување, а на медицинските екипи им искажа благодарност за пожртвуваноста и професионализмот што ја покажаа.

-Имам целосна верба дека одговорните институции и правосудството на Република Косово што побрзо ќе ги откријат сторителите и ќе ја добијат заслужената казна, напиша Мета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2022 година во Комисијата за финансирање и буџет

Следно

Стоматолог Илија Караманов: Поради неправилно подредени заби, пациентите се жалат на болки во главата и во вратот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian