Филипче: Двајцата пациенти од повредените се хоспитализирани на Пластична хирургија

1 min read

Министерството за здравство информира дека пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот ,,Струма” во Република Бугарија претпладнево се префрлени на лекување во УКЦ ,,Мајка Тереза” во Скопје.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, ги пречека пациентите и во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни, тие се со полесни повреди, задржани се на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

-Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман. Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент.  Целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето – истакна министерот Венко Филипче.

Останатите пациенти кои се на лекување во Софија, ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стотици патници од Јужна Африка заглавени на пистата во Амстердам поради опасниот сој

Следно

ВИДЕО: Болна елиминација во ЛШ, Роналдо плачеше во соблекувалната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian