БиХ ќе добие четири американски воени хеликоптери

1 min read

 Испораката на нови американски хеликоптери, наменети за вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБиХ), треба да се реализира до крајот на годинава, како што беше претходно најавено.

„Во овој момент имаме потврда дека новите американски хеликоптери Bell HueyII (воени ознаки UH-1H-II) треба да и бидат доставени на Босна и Херцеговина во текот на следниот месец (декември), како што е планирано”, соопшти Министерството за одбрана на БиХ, пренесува порталот Кликс.ба.

Министерството потсетува дека Договорот за набавка на четири хеликоптери со воена ознака „UH-1H-II”, е потпишан на 13 декември 2019 година во Сараево, во вкупна вредност од 38.539.378 американски долари, од кои Босна и Херцеговина учествувала со 4.360.000 долари.

Преостанатиот износ е обезбеден од американската Влада преку средства од програмите за помош на пријателските земји.

Повеќенаменскиот хеликоптер UH-1H-II Huey II е модернизирана, подобрена и за одржување на поевтина варијанта на хеликоптерот за општа намена UH-1H Iroquois, кој е во инвентарот на воздухопловната бригада и воздушната одбрана на ОСБиХ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Аталанта после 32 години успеа да го совлада Јувентус во Торино

Следно

Зејнула Асани, филигранист и кујунџија: Татко ми направи накит за Салма Хајек, а во земјава никој не те цени!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian