96 санкционирани возачи во Скопје

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 8 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Стоматолог Илија Караманов: Поради неправилно подредени заби, пациентите се жалат на болки во главата и во вратот

Следно

Холандија од утре воведува нови мерки: Кафулињата се затвораат по 20 часот, повеќето продавници по 17 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian