2МФЛ: Силекс ита кон Првата лига, Вардар загуби од Воска Спорт

1 min read

Вардар денеска во рамките од 12 коло во Втората лига – Запад го претрпе и четвртиот пораз (втор по ред) на гостувањето кај Воска Спорт со 2:1.

За домаќините во листата на стрелците се запишаа Емини и Алии, а за скопските „црвено-црни“ во финишот почесен погодок запиша Стојкоски.

Силекс од Кратово реди само победи оваа сезона со сериозни амбиции да се вратат во Првата лига. Овојпат запишаа нови бодови на дуелот против Охрид (3:0).

По еден гол за кратовскиот клуб два гола постигна Каланоски, а еден беше дело нд Танушев.

Втора лига – Запад

12. коло, резултати –

Воска Спорт – Вардар 2:1
Силекс – Охрид 3:0
Кадино – Тетекс 0:1
Беса 1976 – Гостивар 1:1
Велешта – Кораб 2:2

Табела: Силекс 34 бодови, Воска Спорт 25, Вардар 20, Тетекс 17, Кораб 16, Гостивар 14, Велешта 14, Охрид 10, Беса 1976 10, Кадино 6.

Втора – Исток

12. коло, резултати –

Слога Виница – Лок. Градско 3:0
Саса – Победа 3:0
Кит Го Пехчево – Беласица 0:1
Кожув Гевгелија – Детонит Јуниор 1:1
Братство 07 – Осогово 2:4

Табела: Слога Виница 28 бодови, Победа 26, Саса 24, Беласица 23, Осогово 17, Кит Го Пехчево 16, Детонит Јуниор 14, Кожув Гевгелија 13, Лок. Градско 5, Братство 07 4.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Починаа две лица во штипскиот ковид-центар

Следно

Ѓукановиќ: Црна Гора никогаш не била во недоумица за интеграцијата во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian