Заврши седницата на Централното претседателство на Алтернатива, почна заседанието на ЦО на СДСМ

1 min read

Централното претседателство на Алтернатива по тричасовна дебата ја заврши седницата зад затворена врата на која се решаваше дали партијата ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозиција.

Од партијата најавја дека наскоро ќе ја информираат јаноста за одлуките.

Во меѓувреме, со двочасовно задоцнување почна седницата на Централниот одбор на СДСМ. Претходно заседаваше Извршниот одбор на партијата.

ЦО и ИО, според најавите, вечерва треба да ја разгледаат оставката на претседателот на партијата Зоран Заев, и да дискутираат за актуелната политичка состојба и окрупнување на парламентарното мнозинство и владината коалиција.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири, пред седницата изјави дека се очекува Заев да ги информира до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и да се отвори дебата во однос на неговата оставка.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.

– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД по стапките на ЕУ, ги ограничува патувањата од јужноафриканските земји

Следно

Тежок инцидент на Косово: Тројца убиени од огнено оружје, стрелано кон автобус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian