Во Аеродром ќе се поставуваат фотоволтаици во сите основни училишта, но и на дел од градинките

1 min read

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го означија почетокот на новиот проект во оваа општина – поставување на фотоволтаици во сите основни училишта, но и на дел од градинките на територија на Општина Аеродром!

-Како идна цел имаме овој проект да се прошири и фотоволтаици да добијат сите градинки во нашата општина, но и други проекти од капитално значење. На овој начин Општина Аеродром ќе ги намали трошоци за електрична енергија во услови на криза. Проектот „Еко-дром“ кој го најавивме во предизборието започнуваме интензивно да го реализираме и Општина Аеродром станува зелена општина!, порача Муцунски. 

Тој информираше и дека претходната недела е потпишан договор со Европската Унија во делот на селекција на отпадот.

-Работиме на реализација на проекти за заштита на животната средина и користење на обновливи извори на енергија.Аеродром станува модерна општина која става приоритет на еколошките решенија, вели градоначалникот Муцунски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дали знаете што е климатска диета? Еве зошто сите зборуваат за неа!

Следно

Кој смее сега да патува во Германија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian