ВИДЕО | „Беса транс“ организирала тури во Истанбул со шест автобуси, иако имала лиценца само за четири

1 min read

Авто-превозникот „Беса транс” чијшто автобус изгоре на автопатот Струма во Бугарија, надвор од границите на земјава сообраќал и со шест автобуси, иако, како што соопшти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред три дена на прес конференција, агенцијата имала извод од лиценца за само четири автобуси, меѓу кои не се наоѓа опожарениот, дознава „Слободен печат“.

Имено, на видео снимка до која дојде „Слободен печат“, а која е објавена на 13 ноември, на истата туристичка тура за Истанбул, можат да се видат шест брендирани автобуси на „Беса транс“. Сите тие се снимени на туристички разглед во Истанбул во живо и објавени на Фејсбук страницата на „Беса транс“.

Меѓу овие 6 автобуси, се наоѓа и оној кој изгоре на автопатот во Бугарија со регистерски ознаки СК 0284 ВА. Останатите пет, според она што се гледа на видеото, се со регистраски  таблички СК 5198 БЕ, СК0437БА, СК 5252 АУ, КУ 0884 АФ и СК 1009 АТ.

„Слободен печат“ се обиде да добие одговор од министерот за транспорт Бочварски, за кои од овие шест автобуси има дозвола односно извод од лиценца а за кои два нема, но одговор очекуваме подоцна во текот на денот. Во меѓувреме, службите на министерството информираа дека со приложување фалсификувани документи, сега веќе опожарениот автобус излегол од македонската граница барем 57 пати.

Министерство за транспорт: „Беса транс“ вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и свесно го прекршувал Законот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма на аеродромот во Амстердам: На патници од Јужна Африка не им се дозволува да излезат од авионот поради новиот сој коронавирус

Следно

Капитенот на БиХ Џеко добил хрватски пасош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian