ВИДЕО | Алтернатива: Повеќе сакаме да зборуваме како да излеземе од кризата отколку кои функции ќе ги добиеме

1 min read

Треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјата да добие почеток на преговори со ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани, на вечерашната прес конференција.

-Партијата го овласти претседателот да комуницира со актуелниот премиер и новиот мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од оваа криза. Ќе ја слушнеме и нивната верзија и дали има волја за заедничка програма и дали владините партнери ќе се откажат од својата моќ за да има рамнотежа, вели Муртезани.

Тој додава дека конечната одлука дали Алтернатива ќе влезе во владата ќе ја донесе Централното собрание откако ќе имаат повеќе информации.

-Алтернатива не се води од апетитите за власт и земање на делови на власта. Ги кажавме причините за да може да се отпочнат преговори, како тие ќе завршат не знаеме. Повеќе сакаме да зборуваме за начините како да излеземе од оваа криза отколку кои функции ќе ги добиеме, вели Муртезани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руте најави нови мерки во Холандија, сè ќе работи до 17 часот

Следно

Бајиќ: Момците покажаа карактер, градиме стил на игра што ќе ја краси оваа репрезентација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian