Вечерва, во близина на селото Глоѓан во општина Дечани на Косово, на околу 100 километри од Приштина, загинаа три лица во вооружен инцидент.
Тие се убиени со огнено оружје со кое непознати напаѓачи пукале кон автобус.
Веста за Радио Слободна Европа ја потврди Шкодран Никќи од Основното обвинителство во Пеќ.
Според него, Ники, како резултат на престрелките, три лица загинале, а има и неколку повредени, пренесува „Слободен печат“.
Една од жртвите починала на местото на настанот, додека други две починале подоцна.
Во моментот на пукањето автобусот сообраќал од Ѓаковица кон Дечани. Инцидентот се случил околу 19 часот.
„Обвинителството во Пеќ и соодветните полициски единици веќе се на местото на настанот и го истражуваат случајот“, рече Никќи.