Буџетот на МВР за 2022 година е 10,4 милијарди денари. Тој е испланиран за сите потреби на полицијата, изјави на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Во овој Буџет се испланирани и средства за реконструкција и изградба на нови полициски станици во земјава. Преку континуирани реформи создадовме полициски систем кој е сервис на граѓаните. Во новиот буџет испланирани се и пари за нов компјутерски систем за автоматизирана проверка на отпечатоци на граѓаните. Исто така е испланирана и набавка на најсовремена противпожарна опрема за едно од леталата на МВР – изјави Спасовски.
Во предлог Буџетот на МВР, како што истакна Спасовски испланирано е зголемување на платите на полицајците за 5 отсто, како и бонус плата за одработени над 150 работни часови.