Руте најави нови мерки во Холандија, сè ќе работи до 17 часот

1 min read

Холандскиот премиер Марк Руте денеска најави нови мерки за борба против коронавирусот, кои, меѓу другото, предвидуваат баровите, рестораните и повеќето продавници во Холандија да бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро.

Исто така, во средните училишта се воведува обврска за носење маски, рече Руте во телевизиско обраќање во Хаг, пренесе Ројтерс.

Мерките стапуваат на сила во недела, 28 ноември, поради рекордниот број новозаразени и хоспитализирани пациенти со ковид во Холандија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РАЗГОВОР+ФОТО | Јоле – последниот „мохиканец“ меѓу крзнарите: Од Белград до Солун, ни ќурчија имаш, ни крзнар имаш! Бевме славни во светот по нашите јагнешки кожи, а сега ги изгубивме и традициите и себе

Следно

ВИДЕО | Алтернатива: Повеќе сакаме да зборуваме како да излеземе од кризата отколку кои функции ќе ги добиеме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian