РАЗГОВОР+ФОТО | Јоле – последниот „мохиканец“ меѓу крзнарите: Од Белград до Солун, ни ќурчија имаш, ни крзнар имаш! Бевме славни во светот по нашите јагнешки кожи, а сега ги изгубивме и традициите и себе

3 mins read

Од Белград до Солун, ни ќурчија имаш ни крзнар имаш…

Низ последниве децении занаетчиите станаа сè поретки, далеку од очите на јавноста, а рачната работа стана инфериорна на сметка на сериската. Сепак, додека се рехабилитираме од нападот на „вештачкото“, малите занаетчии повторно ја креваат главата над вода, да вдишат малку воздух. Дали со новото време ќе успееме повторно да ја почувствуваме романтиката на занаетчиската работа и посебните и единствени производи што ни ги нудат заборавените занаетчии? Веруваме, дека ќе се сетиме на нив, и допрва ќе ги бараме.  

Старата фабрика во Велес „Димко Митрев“ 1947 година – фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Нашиот соговорник Јоле ни раскажа за крзнарство „Марија“ кое го добило името по бабата и внуката на бабата. Крзнарата има традиција над 90 години! Во Скопје, пак, во Турската чаршија имаат дуќан од 1965-та година.

– Во 1973-та година кога се отвори Капан ан, благодарение на социјализмот на Драгољуб Ставрев, Страхил Гигов, Благој Попов, Капан Ан го направија да биде како дом на занаетчии од изумирање, па и ние станавме дел од тој круг. Во ‘92-3-тата година покојната Нада Глигорова дојде за корекција на бунда што ја носеше. Тоган Капан ан се одржуваше, имаше кафеана, се правеа модни ревии… Тоа беше многу одамна. Тоа е минато, а ние, во ‘93-та, излеговме овде, надвор, каде што сме, на ова место – се сеќава Јоле.

крзнар чаршија
фото: Виктор Поповски за Еспресо.мк

Дали крзнарството е дел од вашата семејна традиција?

– Ова е семејна традиција од нашиот дедо кој сѐ уште ни е здрав и жив и ја наполни 98та година. Овој занет го работи од негови 10 години, да не претераме, од 1932-33-та година.

Какво ви е искуството да работите со вакви скапи и специфични материјали?

– Не се толку скапи, колку што се многу топли. На времето се работело јагнешко крзно и тие мајстори се викале ќурчии, од јагнешкото крзно полека сме оделе во племенито крзно. Особено во Македонија, тогаш, кога на времето имало штетен дивеч како лисица, шакал, куна и ред други животни, почнало да се прават топли облеки или пак, декорација на капути, топла додатоци за  главата, за заштита од синуси и ред други работи…

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тежок инцидент на Косово: Тројца убиени од огнено оружје, стрелано кон автобус

Следно

Руте најави нови мерки во Холандија, сè ќе работи до 17 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian