Рама: Албанија и Косово ќе се обединат, но не знам кога

1 min read

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека верува во обединување на Албанија со Косово и дека за тоа би гласал и на референдум, но додаде дека не знае кога тоа ќе се случи, пренесува Бета.рс.

Ако ме прашате хипотетички за мирен референдум за национално единство, јас би го прекршил законот за тајност на гласањето, отворено велам, би гласал за. Во случај да прашате дали тоа ќе се случи или не, бидејќи ме провоцирате , ќе се случи, кога не знам, но ќе се случи еден ден, рече Рама на заедничката конференција во Елбасан, Албанија, со косовскиот премиер Албин Курти.

Рама нагласи дека на оние кои ја толкуваат неговата изјава како „барање“ за создавање на Голема Албанија треба да им се каже дека „на гатачите не им се суди“.

Премиерот на Косово Албин Курти изјави дека за вакви историски процеси не може да се одлучува и дека не може да се утврдат датуми и начини.

Ми се чини дека има повеќе недоразбирање отколку недоразбирање во однос на обединувањето на Албанците, тоа не е наш избор, тоа е колективна намера што не избира, ние не можеме да одлучуваме за такви историски процеси и да одредуваме датуми и начини, рече Курти

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милевски: Италија е фаворит, но нè случајно Македонија e во баражот

Следно

Зошто се нарекува „Црн Петок“ и кога точно се паѓа? 10 факти за најголемиот шопинг ден во годината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian