Ралф Рангник е махер за откривање таленти, на листата на играчи кои ги купил за џабе се и Халанд и Мане

2 mins read

Ралф Рангник е наследникот на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед, а навивачите на „црвените ѓаволи“ имаат причини за задоволство од доаѓањето на Германецот кој во минатото се покажа како експерт за мали трансфери.

Рангник ќе го предводи Јунајтед до крајот на оваа сезона по што ќе стане дел од управата на англискиот тим, а во зимскиот преоден рок се очекува да биде активен на трансфер пазарот и да покаже дека е махер за трансфери.

Германецот во минатото покажа дека има „добро око“ за трансфери за мали пари и откривање на таленти .

Англискиот весник „Мирор“ ги објави десетте најдобри трансфери на Германецот, а меѓу нив се имиња на фудбалери кои сега се меѓу најдобрите на светот и вредат повеќе од 100 милиони евра, а Рангник за нив платил багателна сума.

1. Садио Мане – трансфер од Мец во Салцбург за 3.4 милиони фунти
2. Ерлинг Халанд – трансфер од Молде во Салцбург за 6.75 милиони фунти
3. Наби Кеита – трансфер од Истр во Салцбург за 1.2 милиони фунти
4. Луис Густаво – трансфер од Коринтијанс во Хофенхајм за 850.00 фунти
5. Џошуа Кимих – трансфер од Штутгарт во Лајпциг за 350.000 фунта
6. Дајот Упамекано – трансфер од Лиферинг во Салцбург за 1.9 милиони фунти
7. Демба Ба – трансфер од Мускрон во Хофенхајм за 2.5 милиони фунти
8. Јусуф Поулсен – трансфер од Лингби во Лајпциг за 1.3 милиони фунти
9. Давид Алаба – позајмица од Баерн во Хофенхајм
10. Тимо Вернер – трансфер од Штутгарт во Лајпциг за 8.5 милиони фунти

 

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бучковски: Бугарија да не се надева дека можеме одеднаш да го промениме Уставот

Следно

Хорор во Косово: Со калашникови пукале во автобус со ученици, четири загинати, меѓу нив две деца

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian