НАТО ја предупреди Русија: Ќе платите ако ја нападнете Украина

5 mins read

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија на „последиците“ и „цената што ќе ја плати ако употреби сила против Украина“ со силите подготвени за борба испратени до границите на земјата, пренесува Ројтерс.

Многу сме загрижени за тоа што се случува. По втор пат оваа година Русија концентрираше тешка опрема, тенкови и војници подготвени да се бори на границите на Украина. Нејзината реторика е агресивна, а нејзините намери се нејасни, рече Норвежанецот Столтенберг.

Тој додаде дека Русија ја нападнала Украина во минатото со анексијата на Крим и поддршката на сепаратистите во Донбас.

Мора да биде јасно дека ако Русија употреби сила против Украина, тоа ќе има последици и ќе плати за тоа. Затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија да избегнува ескалација. Ситуацијата во Украина ќе биде една од главните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, Латвија, во вторник и среда.“, предупреди тој.

Украински генерал предупреди на можен руски напад во 2022 година

Тој не прецизираше што ќе направи НАТО

Јенс Столтенберг не прецизираше што ќе направи НАТО доколку Русија воена интервенира во Украина и не сака да ги сподели разузнавачките информации со кои располага.

Многу сериозно ја сфаќаме ситуацијата и испратени се пораки до Москва, изјави дипломатот на НАТО.

Украина е партнер на НАТО, но не е членка на таа алијанса и не може да се повикува на член 5 од Северноатлантскиот договор, прецизира дипломатскиот извор.

НАТО не интервенираше за време на анексијата на Крим или за време на руската воена интервенција во Грузија во 2006 година.

Што пропишува член 5?

Членот 5 предвидува дека вооружениот напад врз една или повеќе членки на НАТО во Европа или Северна Америка се смета за напад врз сите членки на Алијансата.

НАТО и помага на Украина да ги зајакне своите воени капацитети, да ги обучи војниците и да го обезбеди нејзиниот систем за оружје, рече Столтенберг.

Тој потсети дека на Москва и понудил продолжување на дијалогот на состанокот на Советот НАТО-Русија за да се смират тензиите и да се избегне каков било инцидент по зајакнувањето на руското воено присуство на границата со Украина.

Но, Русија не ја прифати таа понуда, забележа тој со жалење.

Украина: За неколку месеци ќе се случи државен удар

Да потсетиме, шефот на Украина денеска изјави дека имаат информации дека се подготвува државен удар.

Украина ги откри плановите за обид за државен удар, изјави во петокот претседателот Володимир Зеленски, додека Русија рече дека нема намера да учествува во наводниот обид за државен удар или на друг начин да преземе такви чекори.

Зеленски на денешната прес-конференција зборуваше за обидот за државен удар, кој требаше да се случи следната недела, каде ја спомена и руската закана за воена ескалација.

Се соочуваме со предизвици, не само од Руската Федерација и веќе имаме можни ескалации, но и големи внатрешни предизвици, рече Зеленски.

Тој не даде подетални информации за пучот, ниту експлицитно ја обвини Русија дека е вмешана, но спомна аудио снимка од пучот, на која наводно се слушаат луѓе од Русија.

Зеленски предупредува: Русија со помош на олигарси се обидува да направи пуч во Украина

И двете земји во последните денови одржаа воени вежби

Во оваа борбена обука учествуваа околу десет екипажи од авиони и бродови на Црноморската флота во поморската база Новоросијск“, објави Интерфакс, повикувајќи се на наводите на Црноморската флота.

Според Интерфакс, борбените авиони Сухој и другите авиони вршеле воени вежби за да ги спречат можните непријателски воздушни напади со тренажни летови над Црното Море во соработка со Црноморската флота. Руската Црноморска флота се наоѓа на Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година.

Во време кога тензијата расте, Русија и Украина одржуваат воени вежби

www.slobodenpecat.mk

Претходно

БИБЛ го исфрли КК Куманово од лигата

Следно

Возачите на автобусот не биле вработени, едниот немал ни сертификат за професинална компетентност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian