Кој сака нека честита: Доктор Горан е позитивен на коронавирусот

1 min read

Познатиот македонски доктор во Германија познат по неговата експонираност на социјалните мрежи, доктор Горан, во својата последна објава ѝ откри на јавноста – за прв пат е позитивен на корона вирусот.

„Кој сака нека честита. Доктор Горан за првпат денес позитивен за SARS-COV2 (PCR и брз тест)“, напиша тој на својот инстаграм-профил.

На самата објава доктор Горан откри дека неговата здравствена состојба е под ризик фактори на автоимуната болест Хашимото тирeоидитис.

доктор горан
Фото: Принтскрин / Instagram

Горан додаде и дека иако вакциниран, и само ден претходно ја примил третата доза против вирусот, за само еден ден се почувствувал малаксано, а брзиот тест на работното место открил дека тој сепак го „закачил“ вирус.

„Брзиот тест кој го правиме секој ден на работа излезе позитивен. Потоа и PCR тестот. Ќе видиме каков ќе биде текот на болеста, ќе ве известувам и се надевам на добар исход без последици“, продолжува Горан во објавата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Матеус ги предупредува „азурите“: Не ги отпишувајте Македонците, тие ја победија и Германија

Следно

САД по стапките на ЕУ, ги ограничува патувањата од јужноафриканските земји

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian