Клоп во свој стил го прокоментира доаѓањето на Рангник во Јунајтед: Лоша вест за нас, добар тренер доаѓа нов Англија

1 min read

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во свој стил го прокоментира назначувањето на Ралф Рангник за нов менаџер на Манчестер јунајтед.

Рангник доаѓа како замена за Оле Гунар Солскјер кој доби отказ по убедливиот пораз од 4:1 на „црвените ѓаволи“ од Вотфорд.

Клоп на денешната прес-конференција беше запрашан токму за Рангник и даде одговор во свој стил.
– За жал, добар тренер доаѓа во Англија, очигледно е дека тоа се лоши вести за останатите екипи – рече Клоп низ насмевка и потоа продолжи.

– Ралф е искусен тренер и создаде два добри клуба буквално од нула, Хофенхајм и Лајпциг. Иако извршувал разни функции, приоритет за Рангник отсекогаш била тренерската работа и во тоа е најдобар. Манчестер јунајтед ќе биде добро организиран на теренот – додаде Клоп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Младиот Енес во последен момент решил да не патува со автобусот на „Беса транс“ и ја избегнал трагедијата

Следно

ФОТО | Aлександар Митевски ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка: „Ми порасна детето“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian