Капитенот на БиХ Џеко добил хрватски пасош

1 min read

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко добил хрватско државјанство.

Џеко претходно поднел барање, а очигледно ги исполнил сите строги услови пропишани со хрватскиот закон. Тој најверојатно побарал хрватски пасош од деловни мотиви, бидејќи се знае дека има одредени инвестиции во Хрватска, како сопственик на ресторан во Дубровник, јавува порталот од БиХ „кликс“.

Џеко сега покрај државјанството на Босна и Херцеговина, каде што е роден и каде со своите игри и успеси стана веројатно најдобриот фудбалер кај нас на сите времиња, сега ќе има и државјанство на Хрватска.

Един Џеко оваа сезона игра фантастично во дресот на Интер. Тој веќе постигна 10 гола во сите натпреварувања и на тоа додаде и три асистенции. Тој забележа вкупно 18 настапи во сите натпреварувања.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Беса транс“ организирала тури во Истанбул со шест автобуси, иако имала лиценца само за четири

Следно

Преку пола милион прегледи за македонските претставници на детскиот евросонг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian