Хорор во Косово: Со калашникови пукале во автобус со ученици, четири загинати, меѓу нив две деца

1 min read

Најмалку четири загинати лица е досега вкупниот биланс од пукањето врз автобусот со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.

Возачот и кондуктерот на автобусот загинале на лице место, а подоцна на повредите им подлегнале и двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години. Косовските медиуми јавуваат дека кон автобусот пукале повеќе маскирани лица со автоматско оружје, поточно калашникови.

-Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.

Од полицијата за Газета Експрес потврдиле дека автобусот сообраќал на линија Ѓаковица-Дечани.За порталот РТВ21, портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадил Гаши изјави дека настанот се случил околу 19 часот, додека портпаролот на обвинителството, Шкодран Никчи изјави дека на местото на настанот излегол притворскиот обвинител.

Тежок инцидент на Косово: Тројца убиени од огнено оружје, стрелано кон автобус

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ралф Рангник е махер за откривање таленти, на листата на играчи кои ги купил за џабе се и Халанд и Мане

Следно

Мадона во напад и одбрана: Живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената освен брадавицата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian