Новинарска екипа на Бугарската национална телевизија вчера пристигна во селото Рашче каде се обиде да стапи во контакт со Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“.
Тие успеаа да ја најдат неговата семејна куќа, но, според мештаните, тој и неговиот брат Бедри моментално се во Бугарија.
Деновиве куќата на сопственикот на „Беса транс“ ја чуваат полицајци, информира екипата на БНТ.
Сопственикот се заканувал дека ќе убие, соопшти полицијата, а пренесе БНТ.
Мевљан Исмани од село Рашче на новинарите од БНТ им раскажал дека возачот на автобусот е од блиското село Долно Свиларе.
Според него, тој бил искусен возач кој долги години работи во јавен превоз и не знае како е можно да се работи за човечка грешка.
