Девојка голтнала AirPod, слушалката продолжила да работи во стомакот

1 min read

Невообичаен „стрес тест“ на безжичните слушалки AirPods предизвика чудење на социјалните мрежи. Излегува дека музичкиот додаток продолжува да работи дури и во стомакот.

Девојка од САД во видеото на TikTok раскажа за инцидент во кој помешала таблета ибупрофен со слушалката на Apple. Како резултат на тоа, Карли Белмер ја голтнала слушалката и не можела да ја извади од телото, дури и со повраќање. Приказната е детално опишана во „Њујорк пост“.

Додека слушалката и била во стомакот, девојката решила да испрати гласовна порака до својата пријателка. А бидејќи уредот останува поврзан со телефонот и со негова помош се снима звукот, во добиената порака јасно се слуша клокотот од стомакот.

По некое време, слушалката го „напушта“ телото на Карли Белмер самостојно, природно. Ако има добра вест во оваа чудна приказна, тоа е дека несреќата не довела до негативни последици по телото на девојката.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

5 намирници кои секоја жена треба да ги јаде по 50-тата година: Го чуваат здравјето на мозокот, срцето и коските

Следно

Мигрантите ги скараа Франција и Велика Британија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian