БИБЛ го исфрли КК Куманово од лигата

1 min read

Челниците на БИБЛ лигата денеска одлучија да го исфрлат македонскиот претставник Куманово од ова регионално натпреварување поради постојаното непридржување на регулативите на Лигата.

Ова е втор пат БИБЛ да го исфрли КК Куманово од лигата поради што македонскиот повеќе нема да може да учествува во ова натпреварување.

„Од почетокот на сезоната КК Куманово 2009 постојано не се придржува кон официјалните регулативи на лигата, не комуницира на соодветен начин со раководството на лигата и официјалните лица, не ги почитува правилата на ФИБА во врска со протоколите за домашни натпревари, не ги почитува финансиските обврски кон судиите и комесарите. По разговорите и генералниот сектретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, спортскиот директор на лигата Шај Штрикс донесе одлука привремено да ги одложи натпреварите и да му даде можност на клубот во текот на ноември и репрезентативната пауза да ги исполни обврските. Но КК Куманово не го испочитува дадениот рок кој беше до 25. ноември, па денеска БИБЛ одлучи да го отстрани КК Куманово 2009, а неговите досегашни резултати да бидат избришани“ – стои во соопштението на БИБЛ лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски-Бечиќ: С. Македонија ќе разменува искуства со Црна Гора во насоката за членство во ЕУ

Следно

НАТО ја предупреди Русија: Ќе платите ако ја нападнете Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian