Во Грција активни 54.000 случаи на ковид-19, здравствениот систем и понатаму под притисок

1 min read

Проценките се дека во Грција во овој момент има 54.000 активни случаи на Ковид-19, соопшти професорката и член на Комисијата на епидемиолози Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство за текот на пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Таа додаде дека ситуацијата со пандемијата се стабилизира, иако сé уште е на високо ниво, а здравствениот систем и понатаму е под притисок, нешто што ќе продолжи и во следните седмици.

Во изминатите 24 часа во Грција беа регистрирани 6.565 нови случаи на Ковид-19, починаа 78 лица, а на Одделите за интензивна нега во болниците, 621 пациент (девет повеќе од вчера) се приклучени на апарати од кои 503 односно 81 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага истакна дека е особено важно лицата со симптоми навремено да се јават на лекар, објаснувајќи дека конкретно во северниот дел на земјата, пациентите доцна одат на лекар и дополнително си ја отежнуваат состојбата

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 908.222 случаи на Ковид-19, а почина 17.693 лица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Менаџерот на Арсенал, Артета: Би сакал да соработувам со Венгер

Следно

Не бев добар сопруг и Бог ќе ми ја врати: Канје прозборе по новата врска на Ким

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian