Во Фајзер украдени податоци за вакцината против Ковид-19

1 min read

Фајзер тужи долгогодишна вработена поради наводна кражба на „голем број” доверливи документи, вклучувајќи и оние поврзани со вакцината против коронавирусот.

Во тужбата поднесена во вторникот пред федералниот суд во Сан Диего, „Фајзер” тврди дека станува збор за вработената Џун Ксијао Ли, која го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 датотеки, без дозвола, на нејзините лични сметки и уреди од нејзиниот деловен лаптоп.

Наводните материјали вклучуваат „прирачник” од 24 септември кој содржи внатрешни проценки и препораки за вакцината на Фајзер-Бионтек против коронавирус

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Следно

ВИДЕО | Илиевска: Никој не е комфорен во битолскиот Совет, коалиции нема, соработка е императив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian