Во експлозијата во руски рудник загинале 52 лица, меѓу кои 6 спасувачи, пишува RT.
Несреќата се случила во рудник за јаглен во областа Кемерово, во руски Сибир, соопштил регионалниот истражен комитет.Во тек е операција за евакуација во рудникот Листвијазнаја и од окното се извлечени 70 рудари, соопштил Комитетот.
Подоцна во текот на денот, спасувачите морале да ја прекинат потрагата поради опасност од дополнителни експлозии.
„Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад“, се вели во соопштението на Комитетот.
Во меѓувреме, новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на службеник во рудникот, јави дека не се знае каде се 75 рудари.