Бугарскиот претседател Румен Радев победата на изборите ја одбележа со оро во неговиот штаб во кој беше и неговата сопруга Десислава Радева, објавуваат бугарските медиуми,
Дополнително, се покажа дека шефот на државата ја прославил радосната вест со победата во вториот круг, свирејќи и пеејќи ја на гитара песната „Исповед“ на Диана експрес.
Од видеото се гледа дека песната е испеана на денот на изборите во 22.07, откако веќе се јасни резултатите од вториот круг.
Радев во неделата на претседателските избори го победи противкандидатот Анастас Герџиков со двојно повеќе гласови, и при рекордно ниска излезност на гласачите во вториот круг.