ВИДЕО: Ирански голман влезе во Гинисовата книга на рекорди

1 min read

Иранскиот фудбалски голман Алиреза Бејраванд денеска влезе во Гинисовата книга на рекорди за најдолго фрлање топка со рака од дури 61,26 метар.

Голманот на португалскиот клуб Боавишта, кој сега има 29 години, го постави овој рекорд на 11 октомври 2016 година во квалификациите за Светското првенство против Јужна Кореја.

Иран се пласираше на тој Мундијал во Русија, а Бејраванд се истакна на тоа првенство откако му го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо.

Бејраванд пораснал во номадско семејство во провинцијата Луристан, пред да дојде сам во Техеран на 15-годишна возраст за да го исполни својот сон да стане фудбалер.

Инаку во редовите на Боавишта настапува како позајмица од редовите на белгискиот клуб Ројал Антверп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АПЕЛ за помош на тригодишно дете: Филип се лекува од рак во Турција, терапијата ќе трае уште 3 месеци

Следно

Албанскиот парламент го изгласа буџетот за 2022 година тежок 5,2 милијарди евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian