ВИДЕО | Илиевска: Никој не е комфорен во битолскиот Совет, коалиции нема, соработка е императив

1 min read

Претседателката на битолскиот Совет, Габриела Илиевска, која доаѓа од граѓанската иницијатива Поинаку, вели дека локалната самоуправа не смее да го игнорира РЕК Битола и дека Советот мора да разговара за ова прашање и да даде иницијативи до централната власт за решавање на проблемите.

Втор пат пишуваме историја во Битола. Првиот пат беше пред четири години кога за прв пат независни советници од независна листа влегоа в осоветот, а сега за прв пат во историјата на Биитола, претседател на Совет доаѓа некој од независна листа , изјави за Утрински брифинг, Габриела Илиевска од „Поинаку“, претседателка на Советот на Битола.

-Сметам дека тоа е добро за градот, тоа е добро за демократијата и мислам дека Битола замина чекор напред во пишување историски работи во политиката. Очекувавме ваков резултат од локалните избори. Кога некој четири години работи онака како што сакаат граѓаните, кога ги слуша нивните барања, проблеми и нивните идеи, не може тоа да не резултира со успех, вели таа.

-Мал проблем беше што имаше голем број на листи, па голем број на гласови на тие листи кои не освоијасоветници. Нашата цел беше да бидеме фактор во Советот на Битола и секако среќни сме што втор пат пишуваме историја во градот, изјави Илиевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Фајзер украдени податоци за вакцината против Ковид-19

Следно

Вардар 1961 во обид да ја прекине негативната серија на порази во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian