Видео: Депонијата во Ново село е минато, соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров

1 min read

За една и пол недела, Општина Ѓорче Петров во соработка со Град Скопје ја исчисти дивата депонија во Ново село.

Првиот човек на општината, кој неодамна ја превзеде функцијата, Александар Стојкоски, објави дронски снимки од кои се гледа дека местото кое беше преполно со отпад, кој повремено се палеше, сега е исчистено. 

– Ветивме дека депонијата во Ново село ќе биде минато, успеваме тоа да го реализираме за една недела од почетокот на расчистувањето. Нема загадување, нема палење и чад, нема загрозување на здравје. Има чиста околина, простор за ново зеленило, зона за рекреација. Отсега ќе бидеме ригорозни со казнувањето доколку затекнавме фрлање отпад од фирми или жители на оваа локација. Постојано ќе има патроли, но и начин како да се пријави доколку некој забележи исфрлање на отпад, напиша Стојкоски на Фејсбук.

Активностите за чистење на депонијата започнаа на 12 ноември.

Отпадот е депониран во депонијата „Дрисла“.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Како сами да си направите систематски преглед за 60 секунди и што ќе откриете?

Следно

Иран наскоро ќе стане нуклеарна сила?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian